Скандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци.
Лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани, велат од СДСМ.
Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае:
Кој е одговорен за овој скандал?
Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А. Л викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани?
Дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, е во бизнис со наркодилерот викан Цуната?
Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него?
Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој го пушти?
Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување?
Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага.
СДСМ бара веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани.
По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени, додаваат од СДСМ.


