Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РК е уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски во енергетиката кои ги објавува АКТ на СДСМ, стои во соопштението од СДСМ.
„Пензионерот Иван Куковски, близок до таткото на Мицкоски, прво беше назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ. Потоа си дава оставка поради идни професионални ангажмани, и е ангажиран како советник на Министерката за енергетика Сања Божиновска.
Потоа е назначен за координатор на РЕК Битола, и еве сега Директор на РЕК Битола.
Што се случува во РЕК откако Мицкоски е на власт?
Само да ги погледнеме бројките е доволно.
Над 200 милиони евра направени загуби за 2024 и 2025 година, само за три квартали во 2025 година загубата официјална е 90 милиони евра.
Потфрлањето во производството е рекордно од планирани 5000 GWh за 2026 година, произведени се само 3000 GWh, ова официјално е најлошото производство во историјата на Македонија.
Дали ова е намерно, за да се увезува повеќе струја и некој да прави бизнис со тоа и со провизиите од увозот?
Па на граѓаните тоа веќе им е јасно.
Омилен бизнис на Мицкоски е во енергетиката и бизнисот со струја.
АКТ на СДСМ ја открива целата бизнис мрежата во енергетиката. Од Адамовиќ, преку Кипар па се до Руднап и Божиновска.
Затоа веќе една година, нема директор за правни работи во ЕСМ.
Ништо не е случајно“, велат од СДСМ.

