Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во кривопаланечко: Приведена една од ќерките на сопственикот на кравите

    26.02.2026 во 13:49

    Скопјанка фатена со марихуана на влез во „Идризово“

    26.02.2026 во 13:43

    Падна полицаец кој го обезбедува Собранието – Возел БМВ без положен возачки испит

    26.02.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во кривопаланечко: Приведена една од ќерките на сопственикот на кравите
    • Скопјанка фатена со марихуана на влез во „Идризово“
    • Падна полицаец кој го обезбедува Собранието – Возел БМВ без положен возачки испит
    • Мистериозен случај во Скопје: Не се вратил од работа, утрото го нашле неконтактибилен во неговиот стан
    • Внимавајте: Казните од „Safe City“ стигнуваат кај старите сопственици ако возилото не е одјавено, еве и на што друго се жалат граѓаните
    • Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд
    • ДЗС: Отстранета артилериска граната со калибар од 100mm
    • Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите

    СДСМ: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите

    06.02.2026 во 09:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери, вака реагираат утрово од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

    „За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. 

    Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства.

    Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, патувања, репрезентации, договорни услуги, возила, мебел и комфор на функционерите, може да се обезбедат меѓу 90 и 130 милиони евра.

    Со кратење на делот „разни трансфери“ може да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.

    Со кратење само во овие две категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра. 

    Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, со што компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

    Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците. 

    Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, велат од СДСМ.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Познато од што боледува министерот Дачиќ

    26.02.2026 во 09:14

    Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд

    26.02.2026 во 12:58

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.