СДСМ: Мицкоски требаше да му каже Не на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата

 
СДСМ реагираше на изнесени ставови на Христијан Мицкоски, лидеротг на ВМРО-ДПМНЕ.
„Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и  лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка.
 
Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија.
 
Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации.
 
Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.
 

 

Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, велат од СДСМ.
04.07.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега