СДСМ: Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ и тоа е јасно

 

Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

– Едноставно Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ. СДСМ нема да се откаже од европската иднина. На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокирата европскиот пат на земјата. Деструктивниот потпалувачки наратив на Левица и ВМРО-ДПМНЕ е под секое ниво и не е добар за општеството и повторно ќе биде поразен, стои во соопштението.

 

 

08.04.2023 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега