Христијан Мицкоски по секоја цена го брани Панче Тошковски, дури ги обвинува и жртвите на семејно насилство, велат од СДСМ.

„Пријавете“ им вели Мицкоски бранејќи го Панче. Демек до пријавите било.

12 пријави имало за случајот во Карпош каде животот го загубија мајка и дете.

Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.

И МВР и Панче Тошковски што направиле? Имале сознанија и индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите.

Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност.

МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане. Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне. 

Прично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага“, стои во соопштението од СДСМ.

Exit mobile version