Додека Иран се подготвува за објавување на наследникот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон главниот фаворит – синот на ајатолахот, Моџтаба Хамнеи. Во интервју за „Аксиос“, Трамп јасно стави до знаење дека САД нема само пасивно да го набљудуваат изборот во Техеран.

Коментирајќи ги најавите за именување на Моџтаба, Трамп беше дециден:

„Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев со Делси Родригез во Венецуела.“

Американскиот претседател предупреди дека прифаќањето на лидер кој би ја продолжил сегашната политика би значело само одложување на нов конфликт во иднина. Според него, целта на Вашингтон е да спречи сценарио во кое САД би биле принудени повторно да војуваат „за пет години“.

„Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, порача Трамп.

Ваквиот став на Белата куќа навестува дека САД ќе се обидат да извршат максимален притисок врз иранското Собрание на експерти за да изнудат промена на политичкиот курс на земјата.

Exit mobile version