СДСМ: Мицкоски остана во минатото, имаше очајна прес-конференција

 

 

Собранието денеска потврди дека македонската иднина е европска, иднина со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и историска посебност.
Денеска, без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ победници се граѓаните затоа што им е обезбедена европската иднина.
Тоа му е јасно и на Христијан Мицкоски а доказ за тоа е и неговата денешна очајна прес-конференција. Со овие зборови владејачката СДСМ ја коментира прес-конференцијата на лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски Христијан, кој ја одржа веднаш по изгласувањето на т.н. „француски предлог“.
 
„Не успеаја неговите црни сценарија и обиди за дестабилизација што ги правеше со Димитар Апасиев и Арбен Таравари, граѓаните не потклекнаа пред нивните провокации и конструкции.
Неговите пратеници со денови свиреа, навредуваа и се закануваа, говореа дека жестоко се против предлогот, за на крајот по којзнае кој пат да избегаат од салата, немајќи храброст да гласаат против.
 
Денес, нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица“, коментираат од СДСМ во реакција испратена до медиумите по писмен пат.
 
Додаваат дека потонлеа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија.
„Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки“, потенцираат од СДСМ.
16.07.2022 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега