Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно? Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи? Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари“ од буџетот. Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании“, се вели во соопштението од СДСМ.
„Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата – лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.
Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.
Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните.
Нема „нула денари“.
Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг.
Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци – има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“.
Мицкоски, граѓаните не се идиоти.
Гледаат каде одат парите.
И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага“, велат од СДСМ.


