СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс со ЕУ на македонски јазик

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на чист македонски јазик. Ова го потенцираат од СДСМ во соопштение до медиумите.

„Вчера за македонската државата беше голем ден.  Потпишан е Договорот за Фронтекс, прв официјален договор со ЕУ на официјален македонски јазик,  без фусноти, без какви било додавки и појаснувања.

Ова е исклучително важен и историски настан за македонскиот народ, затоа што целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на рамниште на сите останати 24 јазици во Унијата.

Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага“, велат од СДСМ.

Затоа ли Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата?, прашуваат од владејачката партија

27.10.2022 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега