СДСМ: Мицкоски фатен со рацете во медот, нека мисли за одговорност во врска со тендерот вреден 136 милиони евра

СДСМ го обвини лидерот Христијан Мицкоски дека се грижел само за тендерот од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје. 

„Не СДСМ, туку  функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за сторен криминал. Јавноста дозна дека Мицкоски лично се занимавал со провизии, тендери и профитирање на грбот на граѓаните. Мицкоски како шпицен градоначалник самиот призна дека се мешал во набавка на автобуси за Град Скопје. Сега, кога е фатен со рацете во медот, тој смислува и фабрукува невистини во очаен обид да го отргне вниманието на јавноста од неговиот криминал“. велат од партијата.

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и одговорност за спорниот тендер од 136 милиони евра ќе има.

 

06.10.2022 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега