СДСМ: Мицкоски е одговорен за тоа што Скопје се дави го ѓубре, затоа глуми загрижен
Христијан Мицкоски е директно одговорен за што Скопје се дави во ѓубре, велат од партијата на власт.
„Затоа Мицкоски излегува и глуми загрижен, неговото појавување покажува дека знае, негова е одговорноста за хаосот во Скопје со ѓубрето. Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде невиден хаос, Скопје со денови се гуши во ѓубре“, реагираат од СДСМ.
Мицкоски, како што истакнуваат од СДСМ, бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје. Според СДСМ, скопјани добија загаден, нечист, нефункционален град кој не може со ѓубре да излезе на крај а не да се развива.
„Неспособноста и неработата на градоначалниците на ДПМНЕ во другите општини во Скопје се исто така дел од проблемот во главниот град. ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во нивни рацете. Дури и Мазнева е кадар на Мицкоски, поранешна пратеничка на ДПМНЕ која на директорското место дојде од неговиот кабинет каде беше негова советничка. На Скопје секогаш му се случува хаос кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните за да биде власт“, истакнуваат во нивната реакција.
Мицкоски и ДПМНЕ како што додаваат не можат да се снајдат со чистење на ѓубре а не со нешто повеќе.
„Каков развој, какво модерно, поради ДПМНЕ и Мицкоски на Скопје му се случува уште една катастрофа“, се додава во напишаното од страна на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа