СДСМ: Мицкоски е очаен, осамен и изгубен
Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски не се ништо друго освен антидржавни позиции. Оваа порака рано утрово ја испраќаат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумие.
До лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски упатија повеќе прашања.
„Дали за Мицкоски црвена линија се навредите од негови пратеници кон нашите партнери од ЕУ кои ги нарекуваа нацисти?
Дали за него црвени линии се заканите и клеветите што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги ширеа во Собранието при усвојувањето на Заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите?“, прашуваат од СДСМ.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го опишаа како очаен, осамен и изгубен во сопствена деструкција.
„Мораше да оди по нови насоки во Будимпешта кај неговиот ментор Никола Груевски.
Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните“, се наведува во соопштението на владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа