СДСМ: Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на Гоце Делчев

Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на великанот и борец за социјална правда, Гоце Делчев. Тие двајца никако не можат да одат заедно, порачуваат од СДСМ преку соопштение.

-Тоа, му го порачаа и граѓаните на изборите на 15 јули. Токму во градот Делчево Мицкоски убедливо беше поразен со над 1.000 гласа разлика. Ако Мицкоски не успеа да ги убеди граѓаните на Делчево дека тој е за Гоце Делчев, тогаш бадијала се обидува да глуми пред другите граѓани дека ја разбрал визија и идејата на Делчев.

Дали потрчкото на неправдата, Мицкоски, повторно ќе протестира со луксузни возила за борецот за социјална правда Делчев?

Колку и да му е тешко, Мицкоски треба да знае дека неговите деструктивни политики на се поразени, граѓаните решително испратија порака дека нема му дозволат преку лажен патриотизам и деструкција да ја враќа државата назад- се вели во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега