Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата

    СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата

    07.05.2026 во 09:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека граѓаните бараат конкретни одговори на клучните прашања, законот за двојно државјанство, исполнување на реформската агенда до јуни, екстрадиција на Груевски, внесување на Бугарите во Уставот, укинување на техничката влада без консензус и меѓународна поддршка, новите задолжувања, економскиот колапс, растот на инфлацијата, поскапувањето на горивата и основните животни намирници, падот на животниот стандард, распространетата сиромаштија и одбивањето да се покачи минималната плата, Мицкоски повторно избира стара тактика: обид за внатрешно слабење на СДСМ, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

    „Наместо да одговори на реалните проблеми на граѓаните, тој преку црни кампањи, закани со обвинителство и полиција, преку својата платформа и своите орбановски медиуми, повторно ги активира отпадниците, како Шилегов, Деспотовски и слични „реформатори“ кои всушност работат за обидот за растурање на СДСМ.

    Повторно се појавуваат стари приказни, стари играчи, отпадници и исти методи, платени и уценети лица кои треба да внесат немир во редовите на партијата која секојдневно бележи раст и враќа доверба кај граѓаните.

    Во исто време, ВМРО-ОКГ е во слободен пад.

    Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад и корупцијата.

    Сега се во паника поради почетокот на истрагите во Унгарија за злоупотреба на кинескиот кредит, перењето пари и нивните медиуми во сопственост на Орбан.

    Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Затоа брзаат со изјави кон предвремени избори и истовремено се обидуваат да ја дестабилизираат единствената опозиција.

    СДСМ јасно порачува:

    Ние не сме партија која се плаши од провокации. Ние сме партија која расте, која се реформирала, која внесе нова сила, нова енергија и која консолидира своето избирачко тело, и се подготвува да ја врати довербата на граѓаните и да ја врати Македонија на европскиот пат.

    Не можете да ја застанете Новата сила и новата енергија.

    Нема да отстапиме.

    За разлика од другите, ние не сме контролирана опозиција каква што би сакале вие, ние сме единствената независна и конструктивна партија во Македонија.

    Нашиот пат е јасен: да ја вратиме власта во рацете на народот од криминалната група и шефот на мафијата Мицкоски.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.