СДСМ: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски кои се против ЕУ и НАТО се безбедносна закана


Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО и Европската унија, велат од СДСМ.
„Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица, Драган Ковачки, како што објавија медиумите, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.
 
Прашањето е зошто Ковачки не ги исполнува стандардите за добивање на таков сертификат.
 
Дали Ковачки издавал државни и воени тајни, дали бил шпион против државата, за чии странски интереси работи, треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.
 
Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник. Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.

 

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури“, стои во соопштението на СДСМ.
21.03.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега