Close Menu
    Најново

    Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:17

    На 35 години почина внуката на Џон Кенеди

    30.12.2025 во 22:03

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Јанкуловска не е жртва, туку дел од системот што ги газеше човековите права

    СДСМ: Јанкуловска не е жртва, туку дел од системот што ги газеше човековите права

    28.11.2025 во 16:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Изјавите на Гордана Јанкуловска и обидите да се претстави себеси како дел од „судените во Нирнбершките процеси“ се единствено и само потсвесни, од аспект на тоа што тие процеси биле насочени против нацистите и злосторниците од тогашната нацистичка Германија. Ништо повеќе, се вели во реакцијата од СДСМ.

    „Ситуацијата со апликацијата на Јанкуловска пред Европскиот суд за човекови права е правен механизам што секој граѓанин има право да го искористи. Станува збор за формално дозволување на една апликација – чекор кој претставува само утврдување дека се исполнети процесните услови за Судот евентуално да пристапи кон суштинска анализа. Ништо повеќе.

    Судот во оваа фаза утврдува исклучиво формални елементи: дали се исцрпени домашните правни лекови, дали постои статус на жртва, дали е почитуван рокот и дали апликацијата е компатибилна со Конвенцијата. Тоа е стандардна процедура, дефинирана во член 35 од Европската конвенција за човекови права.

    Како партија, сметаме дека во оваа фаза не е ниту потребно, ниту етички, ниту правно основано да се коментира материјалната суштина на предметот – затоа што таа постапка сè уште не е ни започната.

    Но едно е јасно и останува длабоко врежано во сеќавањето на граѓаните: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права на секој граѓанин на оваа држава. Таа беше министерка која од позиција на моќ овозможуваше масовно прислушкување, изборен инженеринг, политичка репресија и брутална злоупотреба на институциите во корист на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

    Наместо Мицкоски да ја ретушира историјата и да ја брани својата сопартијка, подобро би било конечно да се огради од зулумите што тие 11 години ги правеа врз македонските граѓани. Зашто македонската јавност не заборавa, жртви беа сите граѓани, а „апликантката“ која денес зборува за човекови права беше токму таа која ги газеше“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.