Close Menu
Press24
    Најново

    Паѓа цената на нафтата

    25.03.2026 во 09:36

    Обвинение против три лица – Краделе кабли од Железара и направиле штета од 800.000 денари

    25.03.2026 во 09:34

    Судењето за Пулс продолжува: Тројца сведоци од Општина Кочани пред судот

    25.03.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паѓа цената на нафтата
    • Обвинение против три лица – Краделе кабли од Железара и направиле штета од 800.000 денари
    • Судењето за Пулс продолжува: Тројца сведоци од Општина Кочани пред судот
    • САД ги испраќаат елитните „плави ѓаволи“ на Блискиот Исток
    • Украл автомбил па го паркирал во двор – Македонската полиција го приведе
    • Дневен хороскоп: Сериозни планови за Овните, Вагите пред важни одлуки во љубовта, Водолиите доминираат во комуникацијата
    • Во Скопје дебата за унапредување на правата на глувите и наглуви лица
    • Иран со нов бран напади врз Израел и американските бази во регионот: Погодени цели во четири држави
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти

    СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти

    13.12.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дека има план за примање мигранти во Македонија не откриваат само британските и светските медиуми, тоа се чита и од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното однесување во последните две недели, велат од СДСМ.

    „1. Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ја потпишат Резолуцијата. Само со една одлука на Собранието граѓаните може да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. Но ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува. Едноставно е, ако нема скриена агенда за мигрантите, досега Резолуцијата ќе беше потпишана.  

    2. Изјавата на Мицкоски дека до пролет нема да има мигранти. Зошто само до пролет, а после? Значи мигранти до пролет не ама може во јуни, после избори.

    3. Изјавата на премиерот Мицкоски дека нема да има „нелегални мигранти“. Нормално затоа што овие што ги планираат ќе бидат „легални“, вклучени во пазарот на трудот, сместени во станови. 

    Одиме понатаму.

    4. Изјавата на Мицкоски дека на локално ниво општините треба да носат одлуки одбегнувајќи го Собранието да донесе одлука на централно ниво како највисок државен орган над сите општини. Зошто некој би бегал од одлука во Собрание и би сакал да ја префрли на општините кои немаат соодветна надлежност ако нема скриена намера?

    5. Изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти.  Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“.

    6. Изјавите на Андоновски, дека ниту СДСМ ниту претседателот Филипче не треба да критикуваат за мигранти бидејќи гласале во минатото за прифатни центри за странци. Иако ова е чиста лага на Андоновски го потврдува планот на власта за мигранти преку обиди за дефокусирање од клучното: одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која е целосно решение за проблемот.

    Еве ги сите аргументи во неколку точки. 

    Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата!“, се вели во соопштението на СДСМ.

    Популарно

    Паѓа цената на нафтата

    25.03.2026 во 09:36

    Обвинение против три лица – Краделе кабли од Железара и направиле штета од 800.000 денари

    25.03.2026 во 09:34

    Судењето за Пулс продолжува: Тројца сведоци од Општина Кочани пред судот

    25.03.2026 во 09:30

    САД ги испраќаат елитните „плави ѓаволи“ на Блискиот Исток

    25.03.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.