СДСМ: Губитникот Мицкоски три години работеше против ЕУ и против НАТО- идеалите на Делчев за него се непозната категорија
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2020/09/15/sdsm22.jpg?itok=qObn9iYI)
Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ, велат од СДСМ преку соопштение како реакција на протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го организираше вечерва во Скопје.
Од партијата велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.
-Колку Мицкоски навистина е за ЕУ и НАТО говори фактот што најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести и што не смогна сили ниту да честита ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО. Единствен идеал на Мицкоски е одбрана на криминал и тој е против правдата која што доаѓа. Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев. Борбата за социјална правда, солидарноста, меѓусебното разбирање и помагање се непознати категории за Мицкоски кој знае само да брани криминал и да се однесува деструктивно. Залудна е глумата на Мицкоски, граѓаните знаат дека тој е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Затоа граѓаните го казнија на три изборни циклуси и затоа тој и неговото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција, велат од СДСМ.
15.09.2020 - 20:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа