СДСМ: Губитникот Мицкоски и очајното ВМРО-ДПМНЕ ги ставаат партиските интереси пред здравјето на граѓаните

Коронавирусот за Христијан Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ е опасен само тогаш кога тоа им одговара на нивните дневно-политички агенди и кога глумат загриженост за здравјето, велат преку соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека како и за се, така и за опасниот вирус, Христијан Мицкоски и неговата партија менуваат ставови по потреба.

„За Мицкоски вирусот беше опасен, па поради тоа правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните.Од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи,  и поради него се отвораа теретани, се заклучуваа ресторани. Неговите послушници работеа директно против здравјето на граѓаните. Заменичката министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриевска Кочоска, го закочи проектот од Светска банка вреден 90 милиони евра, средства наменети и за кревети за интензивна нега за сите инфективни одделенија во државата, за лабораториски капацитети.“ стои во соопштението.

Од таму велат дека во меѓувреме, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ инфектологот Вело Марковски, се расфрла со теории на заговор поврзани со корона вирусот, кои одат само на штета на здравјето на граѓаните.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и јавното и здравјето на своите приврзаници. Колку на Мицкоски му е важно здравјето на граѓаните покажува и однесувањето на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ која се обидуваше да го опструира Законот за здравствена заштита на населението од заразни болести во Собранието. Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики. Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер кому партискиот интерес му е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.“ наведуваат во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега