Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија

    04.05.2026 во 12:24

    Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија

    04.05.2026 во 12:23

    Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец

    04.05.2026 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија
    • Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија
    • Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец
    • Падна вработен во Центар за социјални работи: Незаконски префрлил над 150.000 денари на познаник
    • Судење за „Пулс“: Прочитани исказите на клучните сведоци кои не се достапни на органите на прогон, одбраната обвинува дека Обвинителството свесно ги крие
    • Од зима директно во лето: Температурите во Македонија викендов ќе достигнат до 30 степени
    • Тензии во судницата за „Пулс“: Адвокатката на првообвинетиот тврди дека му е загрозен животот
    • Кузеска: Груевски мора да одговара, Мицкоски го продолжува неговиот систем на партизација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Мицкоски

    СДСМ: Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Мицкоски

    27.04.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата, велат од СДСМ.

    „Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо.

    СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата. 

    Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена која може да даде резултат и ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата. 

    Цените веќе се на историски највисоко ниво, а најавите се дека во мај следува нов бран на поскапувања, вистинскиот удар од кризата за која Европа одамна се подготвува. 

    Граѓаните се притиснати од трошоци, а со почетокот на летната сезона ќе бидат принудени дополнително да се задолжуваат. Есента и зимата ги чекаат со сериозно нарушен животен стандард.

    Потрошувачката кошница од почетокот на кризата е зголемена за над 3.500 денари, а Владата не презеде ниту еден сериозен чекор за заштита на најранливите. Минималната плата не е зголемена, додека инфлацијата директно го јаде приходот на граѓаните.

    Наместо реални економски политики, власта нуди само медиумска пропаганда и празни изјави.

    Дополнително, земјоделството е оставено без поддршка. Субвенциите доцнат или изостануваат, а ИПАРД програмата е блокирана поради сомнежи за злоупотреби. Во услови кога цените на горивата, ѓубривата и репроматеријалите растат, домашното производство е ставено на ризик.

    Оваа неспособност директно ќе значи нов бран поскапувања на храната и основните производи.

    Граѓаните ги чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија

    04.05.2026 во 12:23

    Кузеска: Груевски мора да одговара, Мицкоски го продолжува неговиот систем на партизација

    04.05.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.