СДСМ: Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците
Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август - Денот на Републиката.
Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава. Вака го опишуваат прославувањето на Илинден во текот на вчерашниот ден од владејачката СДСМ.
„Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.
Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел“, се додава во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа