СДСМ: ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот и почесен претседател на црна листа
„ДПМНЕ и Мицкоски се најдоа повикани да ги толкуваат одлуките на САД.“-велат од СДСМ во соопштението.
-Мицкоски е претседател на партијата ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и со почесен претседател на црната листа на САД.
Има бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.-додаваат во соопштението.
„ДПМНЕ треба да се запраша што потврдува ова и зошто досега воопшто се немаат оградено од криминалот на режимот?“-стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа