Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што со месеци зборува СДСМ. Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Вака реагираат од опозициската СДСМ откако претходно вечерва Обвинителството соопшти дека бара куќен притвор за Артан Груби кој утрово го уапсија на граница.

„Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот.

Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор.

Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?

Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му де одредува куќен притвор.

На кого уште не му е јасно ова сценарио?

Ништо не е случајно.  Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, стои во реакцијата на СДСМ..

Exit mobile version