Следуваат крупните капитални проекти. Скопјани заслужуваат модерен и достоинствен град. Најдоброто, доаѓа, порача вечерва во вестите на Сител, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Неколку прецизни рокови да кажам, а се поврзани со функционирањето на градот Скопје. До јуни месец ги очекуваме новите камиони за Комунална хигиена и ќе имаме посериозна бројка на камиони. Булеварот „Борис Трајковски“, наредниве неколку дена ќе ја распишеме тендерската постапка и рокот на изведба ќе биде Нова година, што значи дека граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, тој дел таму кој поминува низ голготи, до новата година ќе возат по нов булевар, но и пешаците безбедно ќе се движат. „Љубљанска“ мостот исто така е проект којшто треба да биде завршен до Нова година. Лимак крајот на оваа, почеток на наредна година. Луна паркот наредна година, јуни месец, мислам дека ќе биде погоден месец да сечеме лента и конечно новата генерација на млади наши сограѓани не растат како ние во минатото да немаме можност да посетиме Луна парк, рече градоначалникот.

Ѓорѓиевски потенцира дека со тој Луна парк ќе се гордее не само градот, туку и државата.

Exit mobile version