СДСМ денеска ќе излезе со став за датумот за избори по предлогот на Мицкоски за средината на јули

 

Раководството на СДСМ вчера имало состанок, кој ќе продолжи и денеска, па во текот на денот треба да излезе со став за изборниот процес откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека средината на јули е првиот можен термин за избори и посочи дека тие би можеле да се одржат на 15 наредниот месец.

 

Ставот на социјалдемократите го најави техничкиот премиер Оливер Спасовски во неговото гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ одговарајќи на прашањето дали може да се очекува став по повод последните случувања околу изборите, вклучително и вчерашното обраќање на Мицкоски.

„СДСМ покажа дека за секое прашање во државата има свои јасни политички ставови од кои не отстапува, туку влегува во една нивна реализација. Ние разговаравме во раководството на партијата, денеска продолжува нашиот состанок во однос на овие теми и нормално дека СДСМ ќе излезе со став во делот на изборниот процес. Јас не можам да разберам, не го разбирам ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ, не можам да видам од сите тие нивни соопштенија и обраќања, кога тие всушност би посакувале да има избори. Ние се навикнавме на тоа дека нашата опозиција нема ставови за клучните прашања и тоа не ме изненадува, но мораме да имаме висока свест во оваа здравствена и економска криза“,рече Спасовски.

 

Спасовски уште еднаш го потврди ставот дека доколку нема договор помеѓу партиите, кој ќе биде постигнат во рамки на Уставот и законите, тогаш датумот за избори останува 5 јули.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега