Close Menu
    Најново

    Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија

    25.12.2025 во 15:34

    Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање    

    25.12.2025 во 15:25

    Мицкоски: До јануари ќе испорачаме 10 од 12 реформски чекори, од април влегуваме во „реформски колосек“

    25.12.2025 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија
    • Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање    
    • Мицкоски: До јануари ќе испорачаме 10 од 12 реформски чекори, од април влегуваме во „реформски колосек“
    • Бојковска: Додека со СДС и ДУИ имавме урнисано образование, ова Влада прави реформски чекори за поквалитетно образование за нашата младина
    • Внимавајте, кружи нова измама: Гостиварец „олеснет“ за 2.000 евра преку реклама на социјалните мрежи
    • (ВИДЕО) Падна полицаец: Фатен со шверцувани петарди – запленети над 25 тони пиротехника натоварени во две товарни возила
    • СДСМ: Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Вучиќ во Македонија
    • Вооружена пресметка во Арачиново: Пукање меѓу две возила, оштетено возило на случаен минувач
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Вучиќ во Македонија

    СДСМ: Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Вучиќ во Македонија

    25.12.2025 во 13:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Александар Вучиќ во Македонија, преку својата испостава – ВМРО Ванчовистичка, велат од СДСМ.

    „Кампањата се темели на целосна поделба на општеството.

    Мицкоски во последно време повеќепати користи исклучително грд наратив кон граѓаните на Македонија. Денес, во Собранието, тој инсистираше секој граѓанин што не ја поддржува неговата политика да биде опишан како, цитираме: „талог на општеството“.

    Секој што е против изолацијата на Македонија и против отстапувањето од европскиот пат на интеграции, според него, припаѓа на таа група.

    Ова веќе со години го гледаме кај Вучиќ и СНС, а особено во последната година, кога народот се крена против криминалот и корупцијата.

    На пример, тој сите што протестираат ги нарекува: провокатори, хулигани, битанги, бараби, лажговци и Усташи.

    Од друга страна (и не може да се каже дека е навистина друга страна, туку истата СНС страна, само испостава за Македонија), Мицкоски има сопствена ризница на навреди за сите граѓани што копнеат по правда и слобода. 

    Луѓето што сакаат Македонија да биде европска држава ги нарекува: талог на општеството, лешинари, глодари, аналфабети, маргинални ликови итн.

    Дали е случајно што токму денес, кога Мицкоски во Собранието го повторува и нагласува изразот „талог на општеството“, нарекувајќи ги со тоа погрдно име сите слободни граѓани на Македонија, во исто време Саша Богдановиќ ги нарекува усташи?

    Не, не е! Започна акцијата за спасување.

    За граѓаните да сфатат зошто сето ова се прави – и зошто токму сега сакаат да ги запрат процесите на интеграција и да ја остварат својата цел: изолација на Македонија. Само така можат да се спасат од затвор. Сакаат да го прикријат криминалот и корупцијата што се поврзани со сите врски до Белград и со Вучиќ.

    Зошто токму сега и зошто се планираат избори, а потоа и мигранти (без право на враќање во ЕУ)?

    Оваа паника на ВМРО Ванчовистичка и ЗНАМ настана поради изгласувањето на посебниот американски Закон за Балканот, со цел спречување на криминалот и корупцијата, кои достигнаа такво ниво што Америка сега директно се занимава со тоа. Со доаѓањето на новиот амбасадор, очекуваме и експресна примена на овој закон. Само во изолирана држава можат да избегнат соочување со правдата.

    Вучиќ на почетокот на годината јавно откри дека во рамки на својата партија има т.н. „лојалисти“, со кои управува неговиот брат. Граѓаните можеа да ги видат пред Собранието, облечени во црно, во полу-униформи и со качулки на главите. 

    Медиумите дури пренесуваа дека веројатно се и вооружени. Нивната цел е заштита на Александар Вучиќ. Оваа единица „лојалисти“, формирана како паравоена единица во Србија, не одговара пред законот (поради неспроведена реформа на правосудството), иако постојат бројни тужби против членови кои вршеле тепања на студенти и мирни демонстранти.

    Вучиќ во Србија има „лојалисти“, а денес сфаќаме дека и ВМРО има свои „Ванчовисти“. Овие „лојалисти“ на Вучиќ, како што самиот вели, му се колнат на верност во мала црква во Србија, па се прашуваме – каде се колнат нивните браќа Ванчивистите од ВМРО-ЗНАМ?

    Можеби во Алта банка?“, прашуваат од СДСМ.

    Популарно

    РКЕ со добри вести за возачите: Гориваат повторно поевтинуваат

    22.12.2025 во 13:06

    Каква зима нè очекува – најавени студени бранови

    25.12.2025 во 09:07

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27

    Вучиќ го вклучи алармот: Интензивното вооружување во регионот е директна закана за Србија

    24.12.2025 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.