Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?

    31.03.2026 во 09:26

    Трамп со план за Блискиот Исток: Мир по цена на енергетска безбедност

    31.03.2026 во 09:24

    Сејф сити и во Атина: Паднаа првите казни

    31.03.2026 во 09:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?
    • Трамп со план за Блискиот Исток: Мир по цена на енергетска безбедност
    • Сејф сити и во Атина: Паднаа првите казни
    • Инцидент во Карпош: Се степал па нападнал и полицајци
    • Драма на Бит Пазар – Го претепале среде бел ден, завршил на Клиника
    • Си ја претепал сопругата дома – Се нижат насилствата во Македонија
    • Апсења на повеќе локации низ Скопје – Пет лица зад решетки
    • Новите цени на горивата стапија на сила – Добра вест за возачите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?

    СДСМ: Да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?

    31.03.2026 во 09:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно покажа дека личните интереси и партиската контрола му се поважни од државата и националните интереси. Неговата посета на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, имаше за цел договарање на враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски и рушење на правниот систем во земјава. Мицкоски му ги исполни сите ветувања на Орбан – обезбеди непречено задржување на Груевски во Унгарија, не задолжи 1 милијарда евра, отвори пат за влез на компанијата 4iG во телекомуникациите и следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката, велат денеска од опозициската СДСМ, преку соопштение упатено до јавноста.

    -Во меѓувреме, Мицкоски ја концентрираше контролата во ВМРО-ДПМНЕ, ги смени потпретседателите на огранците и ја презеде контролата врз судството и обвинителството. Со тоа, тој водеше кампања против предметите на СЈО, со цел рушење на пресудите за Груевски и создавање услови за ослободување на криминалната структура од одговорност. Политичката сцена во Унгарија се менува и поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа по серијата криминални скандали и антиевропските политики со кои одработува за Русија. Дури и од своите поддржувачи Орбан беше исвиркан на митинг, велат СДСМ.

    Велат што ќе се случува по падот на Орбан е клучно прашање за предавникот Мицкоски, Орбан и Груевски заедно. 

    -Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кои преку Орбан се ставени во служба и контрола на ВМРО-ОКГ? Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија кои Мицкоски му ги озоможи – во енергетиката и телекомуникациите, вклучително и интересите на компаниите како 4iG? Конечно, што ќе се случува со самиот Орбан? Обвинувањата за корупција во Унгарија се сериозни. Дали може да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски, прашуваат од опозицијата.

    Популарно

    СДСМ: Да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски?

    31.03.2026 во 09:26

    Трамп со план за Блискиот Исток: Мир по цена на енергетска безбедност

    31.03.2026 во 09:24

    Сејф сити и во Атина: Паднаа првите казни

    31.03.2026 во 09:20

    Инцидент во Карпош: Се степал па нападнал и полицајци

    31.03.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.