Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43

    Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција

    29.10.2026 во 08:38

    Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето

    29.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар

    СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар

    27.07.2026 во 10:403 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изминаа веќе четири дена откако бела пена се појави во водите на Лепенец и се изли во Вардар, а јавноста сè уште ја чека разрешницата за тоа кој го предизвика еколошкиот инцидент во Скопје. Од опозициската СДСМ денеска излегоа со директни обвинувања до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, прашувајќи зошто по првичните најави и снимањето со дрон, институциите сè уште молчат за сторителот.

    Од партијата потсетуваат на првичните ветувања на градоначалникот дека нема да има толеранција за загадувачите и дека истрагата брзо ќе даде резултати, но истакнуваат дека на терен нема конкретен епилог.

    Преку официјална реакција, опозициската партија ја отвори дебатата околу ефикасноста на преземените мерки за заштита на животната средина.

    Од СДСМ со низа прашања ја брануваат јавноста и бараат итна одговорност од градските власти:

    „Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?“

    Покрај случајот со реката, опозицијата упати сериозни критики и за целокупната комунална состојба во главниот град, отворајќи ги прашањата за хигиената, билбордите и набавката на нови автобуси.

    Во соопштението се наведуваат неколку забелешки на сметка на раководството и поддршката која Владата му ја дава на локално ниво:

    „Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен со вештачка интелигенција, со коњ на пет нозе, Храмот „Свети Сава“ од Белград и вијадукт за вода (во земја каде што нема вода за пиење), сега не може да открие ниту обичен загадувач на река. Истиот Орце и екипата што од Скопје направи депонија, со Мицкоски најавува нови комунални камиони, додека градот се дави во смет. Истиот Орце што најавува нови Орбанови електрични автобуси – платени 1.2 милиони евра поскапо од последниот повик, а не може да каже кој ја испушта пената во Вардар. Мицкоски вели дека е многу задоволен од работата на Орце. Од што е толку задоволен? Од тендерите? А самиот велеше дека самозадоволството не смее да биде цел.“

    На крајот од својата реакција, од опозициската партија порачуваат дека институциите мора итно да истапат пред скопјани со целосни податоци за тоа кој ги загадува скопските реки.

    Од СДСМ бараат конечен резултат, а не нови ветувања:

    „Или дронот сè уште лета, или резултатите не смеат да се објават. Граѓаните заслужуваат одговор. Не дрон. Не нов билборд. Не уште едно ветување – туку одговор.“

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.