СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

 

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија, оценуваат од СДСМ.

Според оваа партија, само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е, како што оценуваат, незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.

„Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување.

Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит.

Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите.

Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари“, се нагласува во реакцијата на СДСМ.

Од СДСМ потенцираат дека со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.

26.09.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега