Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Билбордот со коњот со пет нозе е најмал проблем – Јавниот превоз е хаос, контејнери се прелеваат

    СДСМ: Билбордот со коњот со пет нозе е најмал проблем – Јавниот превоз е хаос, контејнери се прелеваат

    20.07.2026 во 09:07Updated:20.07.2026 во 10:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Срамниот билборд на влезот во Скопје со коњ со пет нозе, мост како вијадукт без крај и белградски храм, не е најголемиот проблем на главниот град. Тој е само највидливиот доказ за нивото на нестручност и аматеризам на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Додека градоначалникот се оправдува со „печатни грешки“ и AI-генерирани слики, Скопје се соочува со многу посериозни проблеми кои директно го погодуваат секојдневниот живот на граѓаните. Јавниот превоз е во хаос. Редовноста е на ниско ниво, возилата се стари, а граѓаните секојдневно губат часови во чекање и во преполни автобуси. Ѓубрето се собира нередовно, контејнерите прелеваат, а делови од градот се претворија во депонии на отворено. Чистотата на јавните површини е на ниво кое не доликува на главен град. Сето ова е резултат на години на лошо управување, отсуство на планирање и систематско занемарување на основните функции на градот, велат СДСМ.

    ГДодаваат дека градоначалникот Орце и ВМРО-ОКГ покажале дека не се способни да се справат ниту со најосновните работи – од чистење на градот, преку јавен превоз, до елементарна промоција на Скопје.

    -Наместо да се занимава со вистински проблеми, градоначалникот произведува срамни билборди и потоа се правда со технички изговори. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски мора веднаш да достави целосни информации:

    •  Кој ја изработи спорната графика за билбордот?

    •  Колку е платено за AI графичкото решение?

    •  Колку е платено за печатење и поставување на билбордот?

    •  Дали е спроведена јавна набавка согласно законот?

    Граѓаните на Скопје не заслужуваат градоначалник кој не може да го реши ѓубрето, а се занимава со AI-кампањи и крие информации околу трошењето на јавните пари, велат СДСМ преку соопштението упатено до јавноста.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.