Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ бара оставка од Тошковски по пукањето во Куманово: Ова е распад

    СДСМ бара оставка од Тошковски по пукањето во Куманово: Ова е распад

    07.10.2025 во 17:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски, реагираат попладнево од СДСМ по денешниот инцидент во Куманово во кој е застрелан доктор.

    „СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.

    Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

    Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште.

    Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?

    СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.

    Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.

    Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?

    Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има“, стои во реакцијата на СДСМ.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.