Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ ја критикува владината реконструкција: „Курто и Мурто ги менуваат фотелјите“

    СДСМ ја критикува владината реконструкција: „Курто и Мурто ги менуваат фотелјите“

    01.07.2026 во 08:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ.

    Ви пренесуваме интегрален текст:

    Мицкоски го претстави старо-новиот кабинет на тендер коалицијата: Курто и Мурто ги разменија фотелјите

    Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

    Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

    Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти.

    Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце.

    Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува.


    Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието.


    Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити.

    Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт.

    Не е ова никаква промена. Ова е признание дека досегашната Влада е неуспешна, но наместо да се признае одговорноста, се прави уште еден круг на театар.

    Граѓаните не сакаат старо-нови имиња на старо-нови позиции. Тие сакаат резултати. А резултати нема, ниту ќе има, додека на чело на државата е истата организирана криминална група.

    Во секој случај, нè очекуваат предвремени избори. Пари нема, па и оваа претстава ќе трае кратко.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.