Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Наместо повисоки плати за народот, парите Владата ги троши за криминални партиски тендери

    СДСМ: Наместо повисоки плати за народот, парите Владата ги троши за криминални партиски тендери

    23.06.2026 во 08:54Updated:23.06.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Кочоска денеска изјави дека во буџетот нема расположливи средства, при што, како што наведе, планираниот годишен буџетски дефицит е веќе искористен во првите шест месеци од годината, велат од СДСМ преку соопштение за јавноста.

    Од опозициската СДСМ реагираат дека ваквиот развој на настаните претставува потврда на нивните предупредувања од почетокот на мандатот на актуелната Влада.

    Во продолжение интегрален текст:

    Граѓаните најдобро знаат какво е вистинското состојба на економијата. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината.

    Додека власта зборува за рекорди и успеси, буџетскиот дефицит расте, државата се задолжува се повеќе, а реформската агенда касни. 

    Истовремено, поради застојот во европските интеграции и намерната изолација на земјата, се пропуштаат развојни можности, инвестиции и средства кои би можеле да ѝ помогнат на економијата и на граѓаните.

    Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра.

    Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО.

    По две години на триумфални изјави за економски раст, вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс.

    Наместо одговорна фискална политика, граѓаните добиваат нови задолжувања кои ќе ги плаќаат преку повисоки камати, даноци и поскапи услуги.

    СДСМ уште еднаш предупредува: оваа Влада нема план за економски развој. Има само план за трошење и задолжување.

    Граѓаните не заслужуваат да плаќаат цена за нивната финансиска неодговорност и за политиката на изолација која ја турка Македонија назад.

    Оваа влада нема ниту проевропска ниту развојна економска политика. Наместо за граѓаните, таа работи за криминални тендери, партиски интереси и привилегирани поединци.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.