Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето, велат од СДСМ. 

„Ова е уште еден обид за бегство од одговорност. 

Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој.

Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем. 

Информацијата за труењето и загаденоста на водата се криеше 5 дена, системот, надлежните институции не реагираа навреме. 

Но, ова не е само случај на лошо управување. Ова е дел од пошироката слика – отсуство на реформи во секоја област, особено во правосудството и целосна контрола врз институциите.

Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство. 

Затоа што сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки. 

Затоа Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството.

Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност. 

Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата.

Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово“, стои во соопштението од СДСМ.

Exit mobile version