Поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа, утре (22 јули) без електрична енергија ќе останат корисници од општините Зелениково и Кисела Вода, соопшти ЕВН.

Во општина Зелениково, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците на улица „4“ и улица „2“.

Прекинот на оваа локација е предвиден во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот.

Во истиот ден, без струја ќе останат и жителите од населеното место Драчево.

Станува збор за дел од улицата „Китка“, лоциран лево од гробиштата, по ридот.

За корисниците во овој дел од Драчево, прекинот ќе трае од 12:00 до 15:00 часот.

По завршувањето на планираните работи на терен, снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано.

Exit mobile version