Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека како дел од државната делегација учествувал на средбата со претседателката на Индија, Друпади Мурму.

Високата гостинка од Индија престојува во дводневна официјална посета на земјава.

На средбата биле разгледани повеќе клучни области за идна билатерална соработка и унапредување на односите.

Муцунски преку својот официјален профил ги истакна главните теми кои биле предмет на разговор:

„Како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска остваривме средба со претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Разговаравме за унапредување на политичкиот дијалог, меѓуинституционалната и мултилатералната соработка, како и за можностите за продлабочување на односите во областите на економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.

Разменивме мислења и за актуелните глобални случувања. Оваа посета претставува значаен исчекор и можност за нова динамика во македонско-индиските односи.“

Двете страни го потврдија интересот за зајакнување на политичкиот дијалог и економските врски меѓу двете држави.

Exit mobile version