СДК: Членови на ДУИ биле упаѓачите во зградата на М-НАВ
Откако Александар Тасевски, Претседателот на Синдикатот на контроли на летање обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени, медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК неофицијално пренесува дека упаѓачите биле членови на ДУИ.
Наводно, групата што упаднала била лута затоа што и контролорите Албанци излегле надвор на прес-конференцијата и му дале поддршка на Тасевски. Еден од контролорите, кој бил на смена, бил удрен со бокс.
Целиот случај е пријавен во полиција и за овој инцидент известени се министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Контролорите на летање со кои овој медиум разговарал рекле дека се фрапирани како насилниците воопшто влегле во М-НАВ и кој ги пуштил затоа што влегувањето во М-НАВ подлежи на строги контроли.
Имено, постојат две контроли - едната е пријавница на влез во дворот на М-НАВ каде што е сместена и контролната кула на Скопскиот аеродром, а втората е на влезот во самата зграда каде што пристап имаат само вработените со електронски картички.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа