Мицкоски повторно лаже, се расфрла со лажни бројки за некакви големи успеси во земјоделството, велат од СДСМ. 

„Тоа најдобро го знаат земјоделците, колку и да сака да ги изврти, вистинските бројки го разобличуваат секој обид на Мицкоски да манипулира со реалната состојба во земјоделството и загубите што ги трпат земјоделците овие две години.

Податоците на Платежната агенција  за сумите за исплатата на субвенциите се јавно објавени и достапни. 

Вистината е дека Владата на СДСМ во периодот од 2021 до крајот на мандатот има исплатено вкупно 30 милијарди денари субвенции од Програмите за директни плаќања и за рурален развој. 

Владата на ВМРО-ОКГ од почетокот на мандатот до денеска исплатила 15 милијарди денари, што е двојно помалку. 

Значи ниту половина!

Ова се податоци од годишните извештаи на Платежната агенција, јавно објавени, достапни за секој кој сака да ја знае вистината. 

Ајде да ги видиме бројките за тутунот.

Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. Во 2023 година, во време на СДСМ, беше 365 денари, а во 2024 година, исто така во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата изнесуваше 100 денари, која ВМРО ја намали.

Значи, во време на СДСМ цената на тутунот порасна за повеќе од 100%, а во време на ВМРО само ниту за 10%.

Фатен во лага, Мицкоски се обидува да го сокрие хаосот со исплатата на субвенциите со наводна исплата на стари долгови. 

Вистината е дека во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции ги оставија полјоделците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп.

За какво партнерство зборува Мицкоски и со кое лице им се обраќа на земјоделците? Земјоделците не сакаат криминалец за партнер, кој гледа само како да скрати од нив и да зграби повеќе за своите луксузи и криминални тендери. 

Мицкоски нека одговори зошто земјоделците денеска добиваат двојно помалку субвенции отколку за време на СДСМ и зошто доцни исплатата?

Вистината и реалноста е дека тој и неговата криминална организација ВМРО го доведоа земјоделството до колапс. Мицкоски нема пари за земјоделците. Пари има само криминални тендери“, стои во соопштението од СДСМ. 

Exit mobile version