Сашо Мијалков останува во притвор
Гаранцијата од 11 милиони евра на Мијалков останува, Кривичниот суд не може да ја укине- целиот имот му е под хипотека, но тој останува во притвор поради ризик од бегство сега за случајот „Плацеви на Водно“, објави ТВ24. Тој вчера доби нов триесетдневен притвор.
Како дел од објаснувањето за нова мерка е тоа што имал контакти со странски разузнавачи од регионот, особено од Израел и можел да избега - објаснува неговиот адвокат Звонко Давидовиќ.
23.12.2021 - 17:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа