Пејачот Саша Матиќ, кој беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“, откри зошто неговата колешка, познатата пејачка Јелена Карлеуша, не доби покана за големата прослава на 18-тиот роденден на неговата ќерка, каде што собра половина од естрадата.

Јелена јавно го изрази своето незадоволство од овој потег на Саша, па дури и го нарече погрдно.

-Која е вистинската причина што Јелена Карлеуша не беше поканета на полнолетството на вашата ќерка? – беше прашањето за Саша, а во таа прилика откри дека имало недоразбирање, а потоа јавно  ѝ се извини на Карлеуша.

-Нема причина. И дадов на екипата список и Јелена беше на списокот, но тие заборавија да ми кажат дека не ја поканиле. Не обрнав внимание, не фалеше само Јелена, туку и уште 15 други луѓе, им се извинувам на сите. После тоа не се слушнавме, јавно ќе  ѝ се извинам на Јеца и следниот пат кога ќе го направам тоа, нема да се повтори, рече Саша Матиќ.

Exit mobile version