Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Санела Давиткова за кобната ноќ во „Пулс“– Столе беше храбар, ми велеше дека сè ќе биде во ред и на крајот не издржа, почина во Белград

    Санела Давиткова за кобната ноќ во „Пулс“– Столе беше храбар, ми велеше дека сè ќе биде во ред и на крајот не издржа, почина во Белград

    04.12.2025 во 11:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Санела Давиткова, учителка од Кочани, која беше повредена во пожарот во дискотеката „Пулс“ и се лекуваше во Белград, ја отвори душата за српскиот „Курир.рс“, раскажувајќи за ужасот од кобната ноќ кога загинаа 63 лица.

    Санела сведочи дека таа и нејзиното друштво биле веднаш пред сцената, директно под пиротехниката, и на почетокот не го сфатиле пламенот сериозно.

    „На почетокот дури и не го сфативме пламенот сериозно, мислевме дека е дел од настапот. Сè додека пејачот не извика: ‘Излезете сите!’“, раскажува таа.

    Тројца од друштвото, вклучувајќи ја и неа, се заглавиле на самата врата.

    „Јас бев само на чекор од излезот. Кога го почувствував жешкиот воздух, инстинктивно ги ставив рацете преку лицето“, вели Санела, објаснувајќи дека благодарение на таа инстинктивна реакција, лицето ѝ било зачувано, но рацете ѝ останале со траги од пламенот.

    Потресниот момент на препознавање:

    „Не се сеќавам на ништо друго, мислам дека се онесвестив за момент. Не можев да дишам. Кога се разбудив – бев заглавена. Луѓето натрупани еден врз друг. Во толпата врескајќи, првото нешто што го видов на вратата беше моето момче. Го повикав, но тој не ме препозна, сите бевме поцрнети. На крајот ме слушна. Не знам како успеа да ме извлече.“

    Момчето ја оставило пред дискотеката и се вратило да ги извлече пријателите. Санела со тага се сеќава на својот пријател Столе, кого го сакала многу:

    „Столе, едниот од нив, кого многу го сакав, беше пред амбулантното возило што ме однесе. Беше многу храбар. Постојано ми велеше дека сè ќе биде во ред. И на крајот не издржа, почина во Белград“, завршува Санела за „Курир.рс“.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.