Сало кипело од сите страни: Наталија на 28 години имала 140 килограми и носела големина 4XL но направила огромна промена

 

Натали Варгас од Лос Анџелес отсекогаш имала проблем со килограмите, бидејќи уживала во брзата храна. До 28-та година веќе имала 140 килограми и носела големина 4XL.

Сè се променило кога лекарите ѝ рекле дека постои голема шанса да развие многу болести кои можат да ѝ го загрозат животот.

Натали започнала да работи преку ноќ - со здрава исхрана и вежби. За 18 месеци успеала да изгуби повеќе од 20 килограми, исхраната ја базирала на пилешко и зеленчук на скара, а во теретана одела двапати неделно.

Меѓутоа, го повредила коленото, токму поради нејзината тежина, и била спречена во понатамошните напори да ја среди својата фигура. Лекарот ѝ рекол дека има две опции - да го оперира коленото или да размисли за операција за слабеење за да се ублажи притисокот кој нејзината тежина го врши врз коленото.

Во септември 2019-та година Натали била подложна на намалување на желудникот и тоа за 80 отсто, што значи дека нејзиниот дневен внес на калории од 3.000 се намалил на 1.200.

Оттогаш успеала да ослабне дополнителни 45 килограми и денес бројката на вага покажува 75, а Натали изгледа сосема поинаку.

Впрочем, може и сами да се уверите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега