Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ

    12.03.2026 во 12:34

    Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: Хидрантот беше празен, помошната врата заклучена со катанец и без квака, на прозорците поставени решетки

    12.03.2026 во 12:14

    Полицијата на терен: Над 200 пешаци казнети за само 10 дена

    12.03.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ
    • Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: Хидрантот беше празен, помошната врата заклучена со катанец и без квака, на прозорците поставени решетки
    • Полицијата на терен: Над 200 пешаци казнети за само 10 дена
    • Трамп: Ги уништивме сите ирански бродови
    • ФОТО: „За жал се има свој крај, проклето нека е” – Една од последните објави на Кили
    • Петрушевски: ССМ не постои, тоа е СДС во синдикални маички
    • Грчки танкер погоден во Персискиот Залив
    • ДУИ: Јасно кажуваме – За правата и јазикот на Албанците нема преговарање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Салиу: Бог да чува – ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

    Салиу: Бог да чува – ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

    10.12.2025 во 12:39Updated:10.12.2025 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за давање согласност или мислења од страна на кабаре „Пулс“, ниту барање или пријава од правно или физички лица за објектот. Конфузијата на обвинителството која ја прави во мешањето на надлежностите и одговорностите прави да докажувам нешто што е очигледно, дека не постои моја вина ниту надлежност, изјави Шабан Салиу, кој беше на функцијата директор на ДЗС од 2008 до 2017 година во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, денеска го отфрли товарот на обвинението во случајот „Пулс“, нарекувајќи го правно неодржливо и логички апсурдно.

    „Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас“, изјави Салиу во судницата, реактирајќи на тврдењето дека делувал со „евентуална умисла“ во периодот 2012–2017 година, а за настан што се случил осум години подоцна – трагедијата во Кочани во 2025 година.

    Тој пред судот ја цитираше клучната реченица од обвинителниот акт: „Директорите на ДЗС, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување.“

    „Според ова, јас уште во 2012 година сум знаел што ќе се случи на 16 март 2025 година. Тоа не е ни правно, ни логично издржано“, нагласи Салиу.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.