Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми.
Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира левичарска идеологија и заштита на работничките права, да објасни како е можно да се залага 10 илјади вработени да останат на улица, без егзистенција.
Жалиме што Владата не ги прифати нашите претходни апели. Одговорно тврдиме дека за создавање реално ефикасна регулатива потребно е активно учество на асоцијациите на различните приредувачи на игри на среќа, како и претставниците на вработените во овој економски сектор, кои исто така сме родители на малолетни деца. Нашата експертиза и практично искуство е од непроценлива важност.
Единствено со таков сеопфатен процес може заеднички да дојдеме до законско решение кои ќе даде одговори на сите грижи на граѓаните.
Воведувањето на дистанца од 500 метри за легалните објекти за игри на среќа е целосно нефункционална законска одредба која задолжително ќе предизвика затворање на овој економски сектор, кој ќе биде заменет од диви играчници по подруми. Државата ќе нема никаква контрола, а младината ќе биде далеку под поголем ризик. Повеќе од 10 илјади македонски семејства ќе станат кандидати за иселеници во западните земји каде повторно ќе работат во истиот сектор. Едноставно, дистанцирањето на легалните објекти за игри на среќа со оправдување дека така ќе се заштити младината е во тотална спротивност со намерите на државата да го задржи правото да организира интернет игри на среќа. Дистанцата е депласирана кога младите преку мобилните уреди ќе имаат непосреден пристап до државната платформа за онлајн игрите на среќа.
Пратениците ќе треба добро да размислат и да си дадат самите на себе одговори на многу логични прашања. Зошто легалните објекти за игри на среќа се повеќе штетни за младината од светлечките реклами на кафулињата, кафеаните, тобаката, кои на пример се наредени до библиотека и основно училиште на Боемската улица во центарот на Скопје? Според истите аршини, зарем младите не се под ризик да стекнат зависност од алкохол и никотин кога на влез и излез од училиште се среќаваат со кафеанските обичаи? До кога легалните игри на среќа и вработените ќе бидеме жртви на негативната кампања на дежурните критичари, кои никогаш нема да преземат одговорност?
Буџетските приливи од легалните игри на среќа во Македонија одамна надминаа 350 милиони евра на годишно ниво што е еднакво на најмалку 6 проценти од приходната страна на актуелната државна каса. Различните приредувачи на игри на среќа на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија. Ние цврсто веруваме дека младината мора да биде целосно заштитена од било какво потенцијално влијание евентуално да создаваат недозволени навики за играње. Но, уште еднаш предупредуваме дека е опасно да се користи популизам кој е секогаш допадлив за пошироката јавност, без да се земат предвид последиците кои неминовно ќе се случат, ако ја вратиме Македонија во 90-те години на минатиот век кога се играше со ќибритчиња на Камениот мост, а покер апаратите се криеја зад завеси во задните делови на кафулињата.
Државата ќе мора да се соочи со избор, дали економската логика ќе ја победи потребата од политичко-етнички инженеринг кој во пракса нема да вроди со плод, туку ќе создаде страшни последици во целото општество. Доволни се примерите од соседството. Ние како Здружение сме подготвени со сите демократски средства да се бориме за нашето уставно загарантирано право на работа и егзистенција.
- Сакам да работам: Вработените во легалните игри на среќа стануваат потенцијални жртви пред секоjа најава за избори
- ВЛЕН: Албанците се со САД и ЕУ, а не со навредливиот говор на ДУИ
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пиун на Радев и лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум
- СДСМ: Остануваат уште 18 дена до новото неисполнето ветување на Мицкоски за ЕУ
- Падна дилер од Кичево во Охрид: Полицијата пронајде дрога при претрес во домот каде престојувал
- Денеска се слави Светиот апостол Јаков
- Една скопска општина денеска ќе остане шест часа без струја
- Раководител на образовен центар во Штип во притвор, допирал малолетни ученички

