Сајкоски: Власта ги загрози животите на граѓаните со ненабавката на вакцин

Срамно и жално, но пострашно е што станавме потсмев и на домашната и на меѓународната јавност и треба да има одговорност за загрозување на животите на граѓаните,  вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на ненабавката на вакцини од страна на власта и вратениот аванс за вакцините од Кина. 

Сајкоски потенцираше дека целиот регион се вакцинира, па дури и Бангладеш има 2 до 3 милиони вакцини, а кај нас само убедувања дека вакцините само што не пристигнале, иако прашање е дали до крај на годината ќе се набават. 

- Голем дел од државите се борат и набавуваат вакцини, кај нас до ден денеска и покрај убедувањата на Филипче дека имаме обезбедено вакцини, дека готово само што не пристигнале и дека ќе дојдеа јануари, февруари, март, ќе помине годината, а ќе немаме ниту една вакцина. Навистина за ова треба да има одговорност бидејќи е загрозен животот на граѓаните на Македонија  на ваков начин и негрижа, истакна Сајкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега