САД обвини: Северна Кореја ѝ помага на Русија за нападите во Украина

 

 

САД имаат информации кои укажуваат дека Северна Кореја тајно ѝ доставува на Русија „значителен“ број артилериски гранати што се користат во Украина, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

„ Нашите показатели укажуваат дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со гранати и ќе следиме дали пратките се примени“ – рече Кирби на виртуелниот брифинг и додаде дека Северна Кореја се обидува да ги прикрие пратките испраќајќи ги низ земјите на Блискиот Исток и Северна Африка, и дека Вашингтон ќе се консултира со Обединетите нации за одговорноста за пратките, пренесува „Ројтерс“.

„ Бројот на гранати не е незначителен, но не веруваме дека ги има толку многу за да го сменат текот на војната“ – додаде Кирби и рече дека САД нема да престанат да и даваат помош на Украина.

Северна Кореја во септември соопшти дека никогаш не испорачувала оружје на Русија или планира и ги предупреди САД да не шират гласини кои го нарушуваат угледот на земјата.

02.11.2022 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега