САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против нелегалната трговија со дрога, првпат по повеќе од 20 години, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Благодарение на соборувањето и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската администрација во јануари, соработката со привремената влада на земјата, предводена од поранешната заменик-претседателка на Мадуро, Делси Родригез, дава резултати, вклучително и убиството на водачот на бандата Трен де Арагва позната како „Нињо Гереро“, наведе Трамп.

Венецуела на американската листа беше од 2005 година. Трамп наведе дека очекува привремената влада на Венецуела фаја продолжи борбата со „наркотерористичките група“ и да ја запре трговијата со дрога преку Венецуела.

Трамп истакна дека е можно и Колумбија да биде отстранета од американската листа на држави, кои не успеваат ефикасно да се борат против нелегалната трговија со дрога.

– Колумбија е подготвена да ја врати својата позиција како наш главен безбедносен партнер во хемисферата по изборот на претседателот Абелардо Де Ла Есприела. Доколку, како што се очекува, Колумбија постигне напредок во текот на следната година во агресивното искоренување на коката и уништување на своите наркотерористички мрежи, ќе разгледам отстранување на нејзиниот статус на „докажана неуспешна земја, посочи Трамп.

Колумбија на американската листа беше додадена минатата година како земја која не успева да се бори против производството на кокаин.

На американската листа се и Авганистан, Бахами, Белизе, Боливија, Гватемала, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Кина, Костарика, Мјанмар, Пакистан, Панама, Перу, Хаити и Хондурас.

Exit mobile version