Денеска, 16 септември 2026 година, околу 05:30 часот, во село Арачиново, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, го лишиле од слобода 44-годишниот С.И. од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, согласно член 215 став 3 од Кривичниот законик.

За делото, С.И. бил осуден на казна затвор во траење од пет години, а бил во бегство од 2024 година.

По лишувањето од слобода, тој бил предаден во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.

Exit mobile version