Close Menu
    Најново

    Ноември носи промени: 3 знаци наскоро ќе пливаат во луксуз и пари

    27.10.2025 во 23:42

    Димитриевски: Гласајте за бројот 2, за континуитет, за нешто што е конкретно, а не за празни зборови

    27.10.2025 во 23:29

    Откриен голем арсенал оружје во западна Германија при акција против трговци со оружје

    27.10.2025 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ноември носи промени: 3 знаци наскоро ќе пливаат во луксуз и пари
    • Димитриевски: Гласајте за бројот 2, за континуитет, за нешто што е конкретно, а не за празни зборови
    • Откриен голем арсенал оружје во западна Германија при акција против трговци со оружје
    • Црногорците демолираа турски локал, владата привремено воведе визи за турските државјани
    • Лабудовиќ: Дали Герасимовски има заеднички бизнис интереси со Заев во Центар?
    • Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди вечерва Турција
    • Крај на тешкиот период: Три хороскопски знаци во ноември ги очекува голем пресврт
    • Мелиса достигна петта категорија: Најсилен удар се очекува на Јамајка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за самитот на ЕУ

    САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за самитот на ЕУ

    30.09.2025 во 23:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за европските самити на 1 и 2 октомври, соопшти денеска данското Министерство за одбрана, приклучувајќи се на бројните европски земји кои понудија поддршка откако дронови беа забележани над земјата.

    – Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, објави Министерството на Х.

    Последните извештаи за дронови над Данска доведоа до затворање на неколку аеродроми, меѓу кои и аеродромот во Копенхаген, најголемиот во северна Европа.

    Дронови биле забележани и над дански воени објекти, но од 27 септември нема нови пријавени случаи.

    Копенхаген е домаќин на два европски самити на кои утре и задутре ќе учествуваат повеќе од 40 шефови на влади.

    За да се обезбеди безбедноста на собирите, Данска во неделата соопшти дека го затвора својот воздушен простор за сите цивилни дронови до петок.

    Иако полицијата сè уште не ги идентификувала сторителите на упадите, данската премиерка Мете Фредериксен го насочи прстот кон Русија.

    Во видео обраќање, Фредериксен изјави дека само „една земја претставува закана за безбедноста на Европа – а тоа е Русија“.

    Стравувајќи од саботажа и хибридни напади, земјата денеска одлучи да го подигне нивото на безбедност за својата енергетска инфраструктура на портокалово, второ највисоко ниво.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    „Мислам дека на луѓето не би им се допаднало“ – Трамп ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година

    27.10.2025 во 15:09

    Откриен голем арсенал оружје во западна Германија при акција против трговци со оружје

    27.10.2025 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.